Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Methoxyfenozide; Име на препарат: RUNNER 240 SC |
Употреба: Инсектицид за сузбивање штетници во овоштарството, лозарството, градинарството, шумарството и украсните растенија. Овој производ е регулатор на развој на инсекти, погоден за примена во програма на интегрирана заштита. Се приенува за сузбивање на штетници кај:јаболко и круша: против јаболков црв (Carpocapsa pomonella) во концентрација од 0,04%, свиткувач на епидермис од плод (Archips podana, Adoxophyes orana, Pandemis heparana) и мал мразовец (Operopheta brumata). Третирањето се врши на почетокот на нападот, 1-2 пати по генрација во интервали од 14-21 ден; јаболко: против минери (Leucoptera malifoliella и други) во концентрација од 0,04%. Кај винова лоза за вински и трпезни сорти, во концентрација од 0,04% за сузбивање на сив гроздов молец (Lobesia botrana) и жолт гроздов молец (Eupoecilia ambiguella). Третирањето се врши на почетокот од нападот, 1-2 пати по генерација во интервали од 14-21 ден. Кај праска за сузбивање на прасков црв (Cydia molesta) и прасков молец (Anarsia lineatella) во концентрација од 0,05%. Третирањето да се врши 1-2 пати по генерација во интервали од 14-21 ден. Кај мандарини и портокали во концентрација од 0,03-0,04% со додавање на 0,5% минерално масло за сузбивање на лисен минер на агруми (Phyllocnisits citrella). Третирањето се врши на почетокот на нападот, 1-2 пати по генрација во интервали од 14-21 ден. Кај модар патлиџан, пиперки, лути пиперки и домат за сузбивање на совици во концентрација од 0,04%. Третирањето се врши по првите симптоми на нападот, интервали од 7-10 дена. При многу силни напади треба да се прска во интервали од 7 дена. Во цвеќарството се употребува во концентрација од 0,04% за сузбивање на совици (Spodoptera exigua) и (Chrysodeix chalcites). Третирањето се врши по првите симптоми на нападот, интервали од 7-10 дена. При многу силни напади треба да се прска во интервали од 7 дена. При одгледување стебла и повеќегодишни растенија се употребува во концентрација од 0,04% за сузбивање на мал мразовец (Operopheta brumata). Третирањето треба да се врши на пролет, во време на движење на вегетацијата. Предупредување: Влегувањето во третирана површина е дозволено по сушење на растворот. Во заштитени простории работната забрана е 24 часа, а во следните 24 часа влезот е дозволен само со носење заштитни ракавици, заштитна облека и цврсти обувки. Не е дозволено авионско третирање.Производот спаѓа во група средства со многу низок ризик од појава на отпорност (резистентност) кај штетниците, па се препорачува во антирезистентна стратегија. Каренца: 14 дена за јаболки, круши, винова лоза (вински сорти), мандарини, портокали; 7 дена за праски, винова лоза (трпезни сорти) 1 ден за црн патлиџан, пперки, лути пиперки, домат во заштитен простор. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: Dow Agrosciences V.m.b.H. / веб страница |