Име на болест: Зелкина совица - Mamestra brassicae L.
Култура: ЗЕЛКА
Опис: Штетник на зелката, другите зелкови култури и шеќерната репка. Има 2 генерации годишно. Презимува во стадиум кукла во почвата. Гасениците во почеток гризат отвори на листовите со неправилна форма. Подоцна се разидуваат и може да предизвикаат целосен голобрст на листовите од зелка. Кај зелката ја напагаат главицата, прават ходници во неа, ја загадуваат со измет и егзувии, што доведува до нејзино брзо пропаѓање. Мерки за контрола се апликација на инсектициди на база на: спинозини, Bacillus thuringiensis var. kurstaki, IGR препарати, подржувачи на јувентилниот хормон, фенилпиразоли, пиретроиди, неоникотиноиди и карбамати.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC

KAPIN 2,5 EC

KARATE ZEON 5 SC

KING

MARKATE 100 CS

SPARVIERO 10 CS

TORNADO 5% EC

CHLORCYRIN 550 EC

CHROMOREL D

CHROMOREL P-2

GRIZLI 55 EC

MOREL-D

NOTIKOR

NURELLE D

PIREL D

REKORD 20 EC