Опис: Габата причинува различни болести. Кај вишната ги напаѓа главно плодовите. На врвовите од младите плодови се развиваат тркалезни концентрични дамки. Во текот на зреењето, како и по зрелите плодови, се развиваат кафени некрозни дамки. Во рамките на овие некрозни дамки се јавуваат концентрични кругови од јасно забележливи ацервули, во кои има многубројни спори. Дамките кај зрелите плодови се темнокафеави, вдлабнати и јасно ограничени со здравото ткиво. При инзвонредни поволни услови дамките се спојуваат помеѓусебе и ги зафаќаат целите плодови. Габата во природни услови покажува голема променливост и се опишани повеќе биотипови, што се разликуваат според бојата на мицелијата и перитецискиот стадиум. При влажно време од перитециите се ослободуваат аскоспории кои се разнесуваат од капките дожд. Брзината на инфекцијата зависи од должината на влажнењето на плодовите, а најбројни инфекции се остваруваат пред бербата на плодовите. За заштита гнилите плодови треба да се соберат и уништат, заразените ветки да се изрежат и да се спалат, пред бербата на плодовите се препорачува прскање со каптан. Кај вишната се препорачува уништување на презимениот инокулум со отстранување и спалување на исушените ветки, рак - рани и сл. Хемиската заштита да се изведува во првата половина од вегетацијата со фунгициди. |
повеќе слики >>
|
|
|