Опис: Едногодишно растение високо 10 - 40 цм. Стеблото е често со црвенкаста боја. Растението има ризоми со папки со кои се размножува. Листовите се стреласти. Цветовите се ситни, црвенкасти, собрани во долги растресити гроздови. Растението е дводомно. Произведува до 3000 семки со ртливост преку 6 години. Содржи оксална киселина. |