Име на болест: Озима совица - Scotia segetum
Култура: ДОМАТИ
Опис: Пеперутка со темно сина и белузлави задни крила долги до 20 мм. Гасениците 1, 5 - 3, 5 мм до последниот 33 - 48 мм. Испилените гасеници имаат зеленкасто тело покриено со црни точки и темни влакненца, со темно црна глава. Телото на одрасната гасеница е скоро голо. Има 2 генерации годишно и презимува во стадиум на возрасна гасеница во почвата под разни култури. Во текот на април се формираат куклите. Возрасните инсекти најинтензивен лет имаат во третата декада на мај и почеток на јуни. Максимален лет почнува на 16 - 17 степени. Женките положуваат околу 600 јајца. По една недела се пилат гасеници кои се сретнуваат од почетокот на јуни до средина на јули завршувајќи го развојот просечно од 30 - 35 дена. Во средината на јули се претвараат во кукли, а пеперутките од наредната генерација прво положуваат јајца. Гасениците од втората генерација се хранат од втората половина на август до септември и октомври. Должината на периодот на развој од јајце до имаго трае 50 - 70 дена. За масовно размножување потребно е топло и малку дождови во текот на пролета и долга и умерено влажна есен.
Озимата совица е изразито полифагна. Напаѓаат воглавно во текот на ноќта оштетуваќи ги младите надземни делови. Подгризувањето на растението е главната штета што ја нанесуваат гасениците. По економско значење најважна е првата генерација која нанесува најголеми штети.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC

FURY 10 EC

FURY GEO

KAPIN 2,5 EC

KARATE ZEON 5 SC

KING

MARKATE 100 CS

SPARVIERO 10 CS

TORNADO 5% EC

RUNNER 240 SC