Име на болест: Булка - Papaver rhoeas
Култура: ПЛЕВЕЛИ
Опис:Едногодишна често озимо растение поретко двогодишно високо 30 - 70 цм влакнесто. Стеблото е исправно, понекогаш се разгранува. Содржи леплив бел сок. Листовите се разделени. Цвета од пролет до есен. Цветовите се крупни, црвени, округласти со дијаметар 2 - 8 цм со темна пега на дното. Се наоѓаат поединачно на врвот на стеблото и на гранките. Плодот е мазна чаура од која зрелите семки можат да излегуваат од отворот на дното. Дава околу 20000 семки. Содржи алкалоиди(морфин, папаверин). Преносител на нематоди.



Препарати