Име на болест: Болва на јаболко - Psylla mali
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Долга е 2, 6 - 2, 9 мм. Има два пара прозирни крила и кончести пипци. Напролет имагата се со сивозелена боја, покасно во текот на летото стануваат жолтеникави и наесен црвенкастосиви. Јајцата се розевожолти, вретенесто издолжени, долги 0, 3 - 0, 4 мм. Ларвите се сплескани од грбот, со округол стомак и кратки нозе. Обоени се темнопомаранџесто, со јако црвени и изразени очи. Во третиот ларвен стадиум се појавуваат мали крила и од тој момент се третира како нимфа. Одраснатата нимфа е плавкастозелена, провидна. Позната е како штетник на расадници и млади насади на јаболка. Штртите кои ги предизвикува одраснатите и ларвите се манифестираат особено за време на дождлива пролет. Има една генерација годишно. Презимува во стадиум на јајце, во основите на папките на млади ластари. При масовна појава женките несат јајца и во кората на постарите гранки. Кон крајот на март или почеток на април се појавуваат ларви. Ларвите се доста активни и брзо се концентрираат на полуотворените пупки, а потоа на младите листови од чии сокови се хранат до крајот на мај. Штетите кои ги прави псилата не се само последици од нејзината прехрана туку и од изметот кој е во вид на меурест омотувач - медена роса исфрлена на местото на прехрана. Ако е во прашање папка тогаш заради присуството на медена роса се слепуваат внатрешните делови при што доаѓа до пореметување на порастот. Нападнатите папки се сушат и опаѓаат, а листовите не се шират. Медената роса служи и како одлична подлога за развиток на габни заболувања.



повеќе слики >>

Препарати

ABALONE 18 EC

ABAMEKTIN 18 EC

ABASTATE 18 EC

KRAFT 1.8 EW

VERTIMEC 018 EC

VERTIMEC 1.8 EC

VOLIAM TARGO

DIREKT

FASTAC 10 SC