Име на болест: Црвен пајак - Panonychus ulmi
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Редовен штетник, кој поради често и прекумерно размножување предизвикува штети на овошките. Во години кога има погодни услови за негов развој, силно ги оштетува листовите, на чие лице прво се забележуваат фини светликави дамки, потоа листот добива сиво - жолта до виолетово - кафеава боја, се свиткува суши и опаѓа. Поради намалената фотосинтеза загрозен е квалитетот и количината на плодот. Бидеќи адултите се многу мали 0. 3 - 0, 5 мм потребно е многу внимателно да се следат. Пајакот има црвено - кафена боја и јајцевиден облик. Ларвите и адултите предизвикуваат штети со цицање на растителните сокови од листовите. Развојот од јајца до адулти трае 15 - 40 дена. Зависно од временските услови има 6 - 7 генерации. Во есен женките ги полагаат зимските јајца кои презимуваат на едногодишните и двогодишните гранчиња поред папките, каде можат да се забележат како црвени групации. Зависно од бројот на јајцата по должен метар, се донесува одлука за заштитата. Прагот на штетност е 1000 јајца на должен метар прегледани леторасти. Обично во првата третина на април од зимските јајца почнуват да се пилат ларвите кои веднаш се селат на листовите. Најпогодно време за заштита е кога ќе се испилат 30 - 50 % јајца. Популацијата на црвениот овошен пајак обично го достигнува првиот врв во мај, а вториот во јули и август. Во летото на опачината на листот може да се забележат голем број на пајаци од сите стадиуми. Во исклучително топли денови женките преоѓаат на лицето од листот, иако тука не ги полагаат јајцата. Појавата на нова генерација пратена е со појава на голем број свежо положени јајца. При следењето на генерациите потребно е да се знаае дека пајаците во почетокот на вегетацијата се наоѓаат во долните листови и на розетите, а подоцна се селат на ливчињата од долната третина на леторастот, во јули и август веќе се во горната третина на леторастот.



повеќе слики >>

Препарати

OHIDAN C-50

OHIDAN P-5

ABALONE 18 EC

ABAMEKTIN 18 EC

ABASTATE 18 EC

KRAFT 1.8 EW

VERTIMEC 018 EC

VERTIMEC 1.8 EC

VOLIAM TARGO

APOLLO 50 SC

ACTELLIC 50 EC

IMIDAN 50 WP