Име на болест: Лозова брашнеста вошка - Pseudococcus citri
Култура: ДОМАТИ
Опис: Изразен полифаг. Има до 15 генерации годишно. Презимуваат сите развојни облици во основниот дел на стеблото, во пукнатините на кората, под листовите. Женките ги полагаат јајцата околу вегетативните или цветните пупки на растенијата, на младите листови, гранчиња или кора од стеблото. Штетите ги причинуваат и ларвите и женките. Нападот се шири со самостојно движење на единките, но многу побргу со ветер, вода, животни, мравки. Како резултат на исхраната на вошката доаѓа до дехидрирање на растенијата, пожолтување, сушење и опаѓање на листовите. Цветовите и плодовите се покриени со медена роса, има присуство на мравки, настанува сушење на цели растенија, значајно намалување на приносот 20 - 100%. Контролата на вошката опфаќа и контрола на мравките. Агротечнички и механички мерки се: подигање физички бариери, огради и мрежи околу насадите, отстранување на нападнатите растителни делови или отстранување на цели растенија, уништување на плевелите во насадите и околу нив, дезинфекција на алатот со кој се работи. Биолошки и биотехнички мерки, од нив најдобро решение за вошките се нивните природни непријатели: Cryptolaemus montrouzier, Verticillium lecani, Bouveria bassiani. Од хемиски мерки се препорачуваат системични инсектициди во комбинација со минерални масла.



повеќе слики >>

Препарати

DECIS EC-2,5

K-Obiol 25 EC

KOBIOL EC-25

RITMUS

CONFIDOR 200 OD

CONFIDOR SL 200

KOHINOR 200 SL

PREMIER 20% WP

QUANTUM SC

RAPID

WARRANT 200 SL

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN

LANATE 20 L

LANATE 25 WP

METHOMEX 90-SP

METOMIL 90 SP

NEOMYL 90 WP

PILARMATE