Име на болест: Совица гама - Autographa gamma
Култура: ПИПЕРКИ
Опис: На средните и предните крила се наоѓаат карактеристични сребренасти дамки во вид на грчката буква гама по што и го добила името. Гасеницата е со зелена боја, телото стеснето во правецот на главата со три пара стомачни нозе. Има пет генерации со должина во првата од 3 мм до последната 30 мм. Типично миграторна врста. Имагото може да прелета и до неколку илјади километри. Во текот на годината има 2 - 3 генерации а презимува во стадиум на гасеница и кукла. Наинтезивниот лет им е од јуни до јули. Женката полага околу 500 јајца обично едно поретко 2 - 3 на долната страна на листот. Ембрионалниот развој трае 3 - 7 дена а испилените гасеници во почетокот бараат висока влажност. На температура од 20 степени гасениците го завршуваат развојот за три недели. Во текот на вегетацијата преобразбата во кукли се одвива на растенијата во бели паукови кокони. Совицата гама е хидрофилна врста во сувите реони се концентрира на наводнуваните терени. Нејзините генерации во повеќето случаи настануваат одеднаш и непредвидено. Масовната појава трае 1 - 2 години по што настанува масивно намалување на бројноста во подолг период. Најголеми штети нанесуваат на листовите од растенијата, а главните штети ги прават единките од 4 - 5 возраст. Најопасни се гасениците од првата генерација.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC

BULLDOCK

KAPIN 2,5 EC

KARATE ZEON 5 SC

KING

MARKATE 100 CS

SPARVIERO 10 CS

TORNADO 5% EC

RUNNER 240 SC