Опис: Монилија на цветот е пред се болест која ги напаѓа коскестите овошја и во дождовните пролетни услови готово редовно се појавува. Ги напаѓа и јаболката при што ги напаѓа само плодовите. Болеста се доселува на цветовите, кои подоцна се сушат и остануваат да висат на гранчињата, каде може да се забележат групации на сивкаста мувла. Често пати се нападнати цели гранчиња кои се сушат. Кај коскестото овошје најчесто ги заразува отворените цветови. Конидиите кој со помош на ветрот или инсекти доаѓаат на цветните органи при доволна влажност ртат. Заразата може да настане и ако водата ги разреди ескретите на толчниковата бразда, која го спречува ртењето на конидиите. Заразата на затворените цветови е ретка а на отворени скоро е редовна појава. Откако цветот ќе се зарази прво поцрнува толчникот, прашниците и внатрешните делови на цветот. Подоцна преку цветната дршка заразата се шири на гранчињата и на другите цветови. |
повеќе слики >>
|
|
|