Име на болест: Калифорниски трипс - Frankliniella occidentalis
Култура: ДОМАТИ
Опис: Изразен полифаг, се храни со градинарски и декоративни растенија. Има 12 - 15 генерации годишно. Женката ги полага јајцата во паренхимот од листот, цветовите или плодовите. Штетите ги причинуваат ларвите и имагата со својата исхрана и полагање јајца. Шмукаат сокови од сите растителни делови, а со тоа прават локални некрози со сребренаста боја. Некрозите имаат жолта и кафена боја. Силно нападнатите листови се сушат и опаѓаат. Шмукајќи сокови на пупките или плодовите ги деформираат или предизвикуваат нивно абортирање, а на плодовите пазарната вредност им е намалена. Тој прави штети со тоа што е вектор на вируси, утврден е како вектор на бронѕената некроза на доматот. За следење се препорачува визуелен преглед, сини и жолти лепливи плочи, жолти водени садови. Популацијата на трипсот се контролира со повеќе мерки. Агротехничките мерки се: плодоред, уништување на плевелната вегетација, покривање на почвата со фолија. Механичките мерки се: поставување на сини или жолти лепливи плочи во насадите, со што масовно се ловат и се намалува бројноста на трипсот. Биолошки мерки се извршуваат со задржување на најзначајните предатори: Aelothrips sp. , златооките и стениците. Хемиските мерки со примена на инсектициди, поради тоа што брзо станува резистентен, се препорачува менување на препаратите со различна активна материја.



повеќе слики >>

Препарати

ABALONE 18 EC

ABAMEKTIN 18 EC

ABASTATE 18 EC

KRAFT 1.8 EW

VERTIMEC 018 EC

VERTIMEC 1.8 EC

VOLIAM TARGO

DICARZOL 500 SP