Опис: Листовите најчесто бидуваат напаѓани во првите фази од вегетацијата при многу влажно време, кога на нив се забележуваат многу крупни црвено - кафеави дамки, кои потемнуваат и се сушат. Плодовите и цветовите исто така се напаѓани. Тие добиваат кафеаво - црвена боја, гнијат и се прекрини од пепелкасто - сива навлака од кондиофори со конидии. Габата B. cinerea има добро развиена мицелија, составена од долги маслинестокафеави хифи. Во природни услови инфекциите се остваруваат при одредена температура и влажнење на зрната. Така при температура од 15 до 20С водата треба да биде присутна најмалку 15 часа. Заштитата е коплексна, таа опфаќа многу превентивни, хигиенски и хемиски мерки: избор на проветрени локалитети , одгледување на послабо бујни подлоги, избалансирано ѓубрење, отстранување на непотребната лисна маса. Хемиската заштита се изведува со фунгициди за таа намена (ботририциди). |
повеќе слики >>
|
|
|