Име на болест: Телени црви - Elateridae
Култура: ПИПЕРКИ
Опис: Возрасниот инсект има издолжено сплескано тело долго околу 7 - 10 мм. Ларвите се со издолжено овално тело обвиткано со цврста хитинизирана кожна обвивка, мазна и сјајна со сламено жолта до црвена боја. Имаат мала глава и три пара кратки еднакви нозе по што се разликуваат од лажните кои имаат поголем пар долги предни нозе. На ларвата се запазуваат девет видливи абдоменални сегменти од кој последниот служи за детерминирање на родовите и врстите. По устројството на каудалниот сегмент ларвите се делат во две групи со раздвоен сегмент (Selatosomus, Athous, Corymbitis) или е ист од еден дел во вид на конус (Agriotes) или трозабно (Melanotus). Кај телените црви развитокот е повеќегодишен бидејќи една генерација трае од 3 - 5 години. Како презимувачка фаза во повеќето случаи е ларва во разна старост и млади имага. Ембрионалниот стадиум трае од 2 - 4 недели, должината на живот на ларвата изнесува 35 - 38 месеци а стадиумот на кукла се завршува за околу три недели. Ларвите живеат во почвата и прават вертикални и хоризонтални движења кои можат да бидат со сезонски и дневен карактер. Вертикалните миграции се почести и насануваат со промена на влагата и температурата на почвата. За барање на храна прават хоризонтални движења. Оптимална температура за активност на ларвата претставува 20 степени. Влажноста на средината е основниот чинител и има голема важност за нивната распространетост и динамика на популацијата. Јајцата во сува почва брзо ја губат водата и пропаѓаат исто и младите ларви. Одраснатите инсекти исто се осетливи на недостаток на вода. Ларвите на телените црви се изразито полифагни и ги напаѓаат сите одгледувани растенија и одреден број плевели . Оштетувањата ги прават во градинарството , овоштарството на семето и слабиот коренов систем. Ларвите се најопасни за посеаното семе, прортено или пак изникнато младо растение.



повеќе слики >>

Препарати

AHILUS EC

CHLORCYRIN 550 EC

CHLORZAN 48% EC

CHROMOREL D

CHROMOREL P-2

CYREN 5G

DURSBAN 4 E

DURSBAN 4E

DURSBAN G 5

GRIZLI 55 EC

MOREL-D

NURELLE D

PIREL D

PYRINEX 25 MF

PYRINEX 48 EC