Име на болест: Сиво гниење на грозјето - Botrytis cinerea
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Заболувањето го предизвикува габата Botrytis fuckeliana
Паразит на слабостите и повредите кои настануваат како последица на убодите од инсекти, болести и град. Во околината на насадот е распространета затоа што живее на изумрените растителни материјали. Гниењето го предизвикува бесполовиот облик на сивото гниење Botrytis cynerea. Сивото гниење презимува на мртвите растителни материи од каде на пролет се шири. Заразата во соодветни услови (топлина, влага) е можна од пролет па се до есен. Сивото гниење најчесто се појавува на гроздот, ластарите и листовите. После јаки зими со измрзнување, но и во пренаѓубрени насади, сивото гниење може да ги зарази ластарите, листовите и гроздовата реса. Почеста е заразата која се појавува после цветање, кога болеста се населува опаднатите цветни капички, одкаде во погодни услови се шири на целиот грозд. Понекогаш сивото гниење се јавува веќе во средината на јули на зелените зрна кои се испакнуваат, а се нарекува зелено или кисело гниење. Најголеми штети има кога грозјето дозрева. Со дозревањето се зголемуваат шансите за зарази, почнува гниење кое предизвикува големи штети. Во години поволни за сивото гниење можните штети се и до 80% од родот. Подоцна во подрумите, вино производството од грозје заразено со сиво гниење ќе има несакан мирис, брзо ја менува бојата, слабо се бистри, а црвените вина нема да бидат доволно обоени.



повеќе слики >>

Препарати

BELLIS

CANTUS

COLLIS

SIGNUM

CHORUS 75 WG

SWICH 62,5 WG