Опис: Вошката ги напаѓа плодовите и лисјата на калинката и предизвикува нивно деформирање а кај листовите може да настане и нивно изумирање и опаѓање. Покрај овие штети кои ги причинува, памуковата вошка лачи и медена роса на која се населува габата Чадливка и причинува дополнителни штети на самото растение. Штетите се однесуваат на негативно влијание врз процесот на фотосинтеза како и причинување на некроза на листовите. Уништувањето на памуковата вошка кај калинката се врши откако ќе биде констатирано нејзиното присуство т. е. присуство на колонии од вошката на горниот дел од листот. За сузбивање се користат препарати на база на имидаклоприд, тиаклоприд и ацетамиприд. |
повеќе слики >>
|
|
|