Опис: Рѓата на овесот е распространета секаде кај што се одгледува овесот и во некои земји таа претставува најштетна болест за овесот. Паразитот покрај овесот напаѓа и голем број диви видови и треви. Уредоспорите кои ги причинува габата се расфрлани по листовите и имаат портокалово - жолта боја. Околу сорусите нема делови од раскинатиот епидермис, по што се разликува од црната стеблена рѓа. Како хемиски средства за заштита се употребуваат фунгициди врз база на пропиконазол, тридимефон, триадименол и др. |
повеќе слики >>
|
|
|