Опис: Пепелницата на житата е болест која е позната од многу одамна. Се јавува и на пченицата, јачменот и тритикалето освен на ржта. Габата ги напаѓа сите надземни делови на житата или ливадските треви. Се јавува во било која фаза од развојот на житата, од никнењето па се до почетокот на зреењето. Првите знаци се во вид на хлорозни дамки во кои брзо се развива белузлаво - сина мицелија. Понекогаш мицелијата и конидиите можат да бидат измиени од силните дождови па се појавуваат само хлоротични дамки. Најдобар начин на заштита се сеидбата на отпорни сорти и избалансирана исхрана. |
повеќе слики >>
|
|
|