Опис: Причинува карактеристична дамкавост и сачменка на листовите. На листовите прво се појавуваат ситни хлоризни дамки, кои подоцна стануваат жолтеникави или црвеникави, опкружени со посветол ореол. Дамките на плодовите се вдлабнати, по ветките болеста се манифестира во вид на рак - рани од кои излегува жолтеникава смола. Заболените ветки се сушат и изумираат. Оптимална температура за развој на оваа бактерија е 24 до 28°С. Бактеријата презимува во ветките, заразените пупки и во опаднатите листови. Инфекциите се остваруваат преку различните оштетувања и стомините отвори. Во текот на вегетацијата, бактеријата се разнесува со капките дожд, инсектите и од ветерот. Инфекциите се остваруваат и преку некутинизирани рани при опаѓањето на листовите. Заштитата се изведува со организирање и спроведување на карантински мерки, употреба на бакарните фунгициди, се препорачуваат три третирања: првото во фаза на бабрење на пупките, второто пред почетокот на цветањето и третото на две недели подоцна. |
повеќе слики >>
|
|
|