Опис: Заразените листови и стеблото го губат тургорот, пожолтуваат и венат. На заразеното стебло и при основата на стеблото се јавува бела мицелија, која ги зафаќа и околните растенија, па болеста се шири во вид на кружни жаришта. Габата најинтензивно се развива при температура од 15 до 16°C. За спречување на оваа болест се препорачуваат само агротехнички мерки. На заразени површини да не се одгледуваат осетливи растенија 4 - 5 години. Габата Sclerotinia cepivorum причинува бело гниење на лукот, а Sclerotinia bataticola причинува суво гниење на лукот.
|
повеќе слики >>
|
|
|