Име на болест: Пламеница на тутунот - Peronospora hyoscyami f.sp. tabacina
Култура: ТУТУН
Опис: Паразитот ги напаѓа скоро сите делови од тутунските растенија, но најчесто листовите. Симптомите чеесто варираат во зависност од времето на инфекцијата, осетливоста на сортата на тутунот, временските услови и сл. Растенијата можат да бидат заразени од поникнувањето па до бербата на листовите. P. tabacina е облигатен паразит и мицелијата се развива интерактивно. За исхана во клетките испишта разгранети хаустории. За спречивање на пламеницата кај тутунот е потребно да се превземат низа превентивни агротехнички, хемиски и куративни мерки. Основно е производство на здрав расад, што се постигнува преку производство на расад на подигнати леи (со цел да не се задржува прекумерна вода); ретка сеидба; дезинфекција на почвата во леите со разни средсства (кај нас најчесто се користи метил - бромид); поретко полевање на расадот; почесто проветрувае на леите.



повеќе слики >>

Препарати

QUADRIS

ANTRACOL COMBI

AZIMUT TRIPLE

CIMOFOL

EQUATION PRO WG

MICEXANIL

PROFILUX

PROXANIL