Опис: Овие видови се миграторни видови. Со својата сеидба почнуваат при сончево време, во најтоплиот период од денот. Во нивната миграција пресудна улога имаат ветровите. Штетите ги причинуваат ларвите и имагата со својата исхрана. При пролетна миграција, стениците ги напаѓаат житата во фенофаза на вретенисување. Во тој период се хранат на стеблото и можат да нанесат штети на идниот клас. Непосредно по класење шмукаат сокови на стеблото над последното коленце. Како резултат на убодите се јавуваат кружни петна а може да го спречат образувањето на класот или да доведат до искривување на класното вретено. Брашното добиено од оштетените зена е со лош квалитет и со слаби пекарски својства. Во текот на зимата се врши проценка на имагата што презимуваат во утврдените жаришта, под шумската простирка на локалните шуми. Напролет контролата се врши со метод на дрвен рам. Се бројат сите стеници кои се слабо подвижни. Економски праг е 30 имага/м2 на место на презимување или 2 имага/м2 во текот на зреење на житата. За заштита на житата се препорачуваат: агротехнички мерки, биолошки мерки и хемиски мерки. |
повеќе слики >>
|
|
|