Име на болест: Сиво гниење - Botrytis cinerea-
Култура: КАПИНА
Опис: Листовите се напаѓани во првите фази од вегетацијата при многу влажно време, кога на нив се забележуваат многу крупни црвено - кафеави дамки, кои потемнуваат и се сушат. Гроздинките, како и цветовите исто така се напаѓани, тие добиваат кафеаво - црвена боја и гнијат. Габата B. cinerea има добро развиена мицелија, составена од долги маслинестокафеави хифи. Габата се развива како паразит кај голем број растенија, но и како сапрофит на различни растителни остатоци. Површинската мицелија кај зрната се развива најбрзо при релативна влажност на воздухот од 94% и температура од 21с. Заштитата од сивото гниење е комплексна, таа опфаќ многу превентивни, хигиенски и хемиски мерки: поставување на редовите во насока на доминатните ветрови, правилно кроење, избалансирано ѓубрење(да се избегнуваат прекумерни губррења со азотни ѓубрива), избор на соодветен систем на кроење, отстранување на непотребната лисна маса, уништување на плевелната флора во насадите.



повеќе слики >>

Препарати

BELLIS

CANTUS

COLLIS

SIGNUM

CHORUS 75 WG

SWICH 62,5 WG