Име на болест: Сиво гниење - Botrytis cynerea
Култура: ДОМАТИ
Опис: Штетен патоген во пластениците и во оранжериите во услови на недоволна температура и висока влажност. По листовите причинува сивкасти некрозни дамки. Кај младите растенија може да го прстенува стеблото при основата, со појава на меко гниење и присуство на бела мувла. Како последица на нападот на плодовите доаѓа до нивно опаѓање Во овој случај изумираат цели растенија. При облачно, влажно и студеникаво време габата причинува опаѓање на цветовите и на младите плодови. На плодовите габата причинува т. н. „сребренеста дамкавост’’. Најповолни услови за развој на сивото гниење кај доматот се влажно и облачно време и температура 18 - 23 C. Габата презимува на растенијата во затворениот простор и на растителните остатоци од каде се шири на растенијата во новиот циклус на производство. Во текот на вегетацијата многу брзо се размножува. Спречувањето се изведува со почесто проветрување на оранжериите и смалување на влажноста во пластениците. При интензивен напад се препорачува третирање со соодветни фунгициди.



повеќе слики >>

Препарати

GRISU

IPPON 500 SC

MAXIM EXTRA 050 FS

SWICH 62,5 WG

BRAVO 500 SC

CHORUS 75 WG

SWICH 62,5 WG