Опис: Sorghum halpense
Повеќегодишно растение високо до 3 м. Има јако развиени подземни органи ризоми кои имаат голема моќ на размножување. На еден хектар може да се најде до три тони корен и ризоми од ова растение. Многу е развиен вертикалниот ризом длабок до 40 цм како и хоризонталниот и косите ризоми. Хоризонталните се плитки и служат за размножување, косите се дебели богати со резервни материи и служат за презимување на растението. Стеблото е со обем 1цм, богато со листови. Листовите се ланцеласти долги до 50 цм, широки 1 - 2 цм. Цвета налето. Цветот е метлица долга 20 - 40 цм. Едно растение произведува просечно 1500 - 1800 семки кои лесно се расејуваат. Се размножува генеративно и вегетативно. |
повеќе слики >>
|
|
|