Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Quizalofop-P Ethyl; Име на препарат: PANTERA 40 EC |
Употреба: PANTERA 40 EC е селективен системичен хербицид кој содржи 4% активна материја квизлофоп пара тефурил. Наменет е за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни плевели (Agropyron repens, Calamagrostis, Calamagrostis epigeios, Cynodon dactylon, Elymus repens, Phragmites communis, Sorghum halepense, Avena fatua, Setaria, Echinochloa, Digitaria и др.) кај лен, грав, грашок, компир, шеќерна и сточна репка, кромид, мешунки, сончоглед, пиперка, соја, винова лоза и др. Производот има квалитетна формулација која ја подобрува апсорпцијата на активната материја во растителните ткива со што ја намалува можноста од испирање од дожд. Се користи во доза од 0,6 - 1,75 L/ha со потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha. Најтешко уништливите плевели треба да се третираат кога се во активен пораст (од 2 - 4 ливчиња и висина од 10 - 15 cm). За сузбивање на едногодишни тревни плевели се препорачува да се третира кога плевелите се во фаза од 1 - 3 ливчиња па се до фаза на братење. За суабивање на плевели со ризоми се препорачува кога истите се со висина од 15 - 20 cm. Ефектот е видлив од 14 - 21 ден по апликацијата. Штом ќе се исуши растворот од пестицидот на растенијата, дождовите не влијаат на неговата ефикасност. За сузбивање на едногодишни плевели (Avena fatua, (Echinochloa crus galli, Panicum miliaceum) се препорачува доза од 1 L/ha. Предупредување: Не треба да се аплицира кога културата е под стрес. По апликацијата на PANTERA 40 EC други хербициди можат да се аплицираат после 7 дена. Дозволена е една употреба најмалку 60 дена пред берба. Каренца: 60 дена |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: CHEMTURA NETHERLANDS B.V. |