Име на болест: Пепелница - Podosphaera leucotricha
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Најчесто е на плодовите и листовите на јаболкото. Нападот зависи од осетливоста и временските услови.
На листот габата се појавува како бела - пепелива превлака која постепено го покрива целиот лист. Заразените листови се потесни и свиткани. Габата исто така ги заразува и леторастите и соцветијата. Ако се заразат цветовите тие веќе неможат да се развијат во плодот. На заразените плодови при јаки зарази, презимува во родните папки, кои можат да се забележат при зимска резидба, бидеќи имаат по потворени врвни делови од кои ѕиркаат внатрешните ливчиња. Мицелиумот на пролет развива конидии, кои овозможуваат рани примарни инфекции на младите листови (кога листовите се стари неколку дена не се подложни на зарази). Кога конидиите ртат, хифата ја прераснува лисната површина. Габата го исцрпува листот, кој пожолтува од рабовите почнува да се суши, а оние постарите набрзо опаѓаат. Од примарно заразените леторасти и соцветија подоцна се развиваат уште повеќе секундарни зарази. Заразите кој причинуваат пожолтувае на плодот се јавуваат три недели пред и три недели после цветањето. Конидиите можат да ртат момеѓу 10 - 20 степени, а оптимално на 20 степени. Ако листовите се премногу влажни опасноста од зараза е намалена, затоа дождовите го намалуваат развојот на болеста.



повеќе слики >>

Препарати

POSTALON 90 SC

SABITHANE

SYSTHANE 12E

TOPAS 100 EC

ANTRACOL COMBI

ANTRACOL CU

ANTRACOL WG 70

ZUPINEB S-70

CHORUS 75 WG

SWICH 62,5 WG