Опис: Повеќегодишно растение висока 10 - 40 cm. Има јако развиени ризоми долги и преку еден метар со помош на кој се шири. На еден хектар може да се развијат околу 800 ризоми со 4, 5 милиони пупки. Стеблото е мазно израстоците често ползат по почвата. Растението е богато со листови кои се долги 2 - 15 cm, зелени, мазни или малку влакнасти. Цветот е сложена класовидна метлица, со три до шест класови. Едно растение дава до 32. 000 семки. Се размножува со семе и ризомски. Еден од по опасните и најжилави плевели. |
повеќе слики >>
|
|
|