Име на болест: Калифорниска штитеста вошка - Quadrаspidiotus perniciosus
Култура: КРУША
Опис: Штитестите вошки се ситни штетници кои се приметуваат откако со своите штитови ќе ги прекриат гранките или плодовите. Женките се фокусирани секогаш на едно место, а мажјаците се подвижни и немаат устен апарат па неможат да се хранат. Ларвите во првиот стадиум се подвижни, а потоа се фиксираат и остануваат на едно место.
Калифорниската штитеста вошка најчесто има две генерации. Ларвите на првата генерација обично се појавуваат кон крајот на мај и во јуни. Тие се раздвижуваат под штитот на мајката или едноставно остануваат под него. Втората генерација ларви се појавува кон крајот на јули и август, а третата кон крајот на август, септември па и во октомври. Нападот од оваа вошка се препознава најчесто после дожд кога е најмногу изразена црвената боја и присуството на штитчиња.



повеќе слики >>

Препарати

BEVETOX 40 E

DANADIM PROGRESS 400 EC

DIMETOGAL

FOSFAMID 40 EC

PERFEKTHION

ROGOR L40

LANATE 20 L

LANATE 25 WP

METHOMEX 90-SP

METOMIL 90 SP

NEOMYL 90 WP

PILARMATE