Име на болест: Минер на кружни мини, шумски минер - Leucoptera scitella
Култура: КРУША
Опис: Има 3 - 4 генерации годишно. Презимува како кукла во бела свиленкава кокона во пукнатините од кората на стеблото, опаднатите листови и други скриени места. Ларвата се вбушува во листот на место каде што е залепен хорионот. Се храни како минер, движејќи се спирално, заради што мините се округли и исполнети со измет од ларвата. Мините се наоѓаат на нервите од листот и тие ги сечат спроводните садови и предизвикуваат сушење и опаѓање на листовите. Возрасната ларва ја напушта мината и се кукли на скриени места. За намалување на биолошкиот потенцијал на минерот се предвидува собирање на лисната маса наесен и нивно третирање со 5%уреа. Хемиски мерки - зимска заштита и заштита во текот на вегетацијата)



повеќе слики >>

Препарати

DECIS EC-2,5

K-Obiol 25 EC

KOBIOL EC-25

RITMUS

LANATE 20 L

LANATE 25 WP

METHOMEX 90-SP

METOMIL 90 SP

NEOMYL 90 WP

PILARMATE