Име на болест: Пченичен трипс - Haplothrips tritici Kurdj.
Култура: ЈАЧМЕН
Опис: Пченичниот трипс има 1 генерација годишно. Презимува во стадиум на ларва во површинскиот почвен слој, под растителните остатоци. Женките полагаат јајца на плевиците, во период од 20 - 30 дена. Ембрионалниот развој трае 7 дена. Испилената ларва се храни со млечно зрелото зрно и со плевиците. Оштетените зрна имаа посветла боја, штури се, осилките се во сите правци. За следење на бројноста на пченичниот трипс се препорачува методот на истресување на класовите. Се избираат 20 класа по случаен избор и се истресуваат на бела подлога , а потоа детално се отвораат плевичките. Економски праг за уништување е 10 - 20 ларви/клас во млечна зрелост и 30 - 40 во восочна зрелост. Контрола за постигнува со висока агротехника.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC

BEVETOX 40 E

DANADIM PROGRESS 400 EC

DIMETOGAL

FOSFAMID 40 EC

PERFEKTHION

ROGOR L40

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN