Име на болест: Гниење на семето, полегнување на расадот, гниење на коренот и меко гниење на сочните растителни делови - габи од родот Pythium
Култура: ПРАЗ
Опис: Полегнувањето на расадот се јавува на посеви на полски и на шумски почви, во реони со тропска и умерена клима и во сите оранжерии. Патогенот ги напаѓа семињата, никулците, израснатите растенија од сите видови зеленчуци, цвеќиња, жита, овошки и шумски видови. Во сите случаи, најголеми штети причинува кај семето и корените од никулците за време на никнењето, како за време на ртењето, така и пред и по никнењето. Загубите од овие болести значително варираат од составот на почвата, температурата и другите фактори. Меѓутоа, многу често никулците во леите се наполно уништени од полегнувањето или тие брзо изумираат откако ќе бидат расадени. Симптомите предизвикани од причинителот на полегнување на расадот варираат од староста и фазата на развојот на нападнатото растение. Ако бидат насеани семиња од осетливи растенија во заразени почви и бидат нападнати од габата, тие не ртат, стануваат меки и мувлосани, со кафена боја и најпосле се распаѓаат. Остварените инфекции во почвата не можат да бидат забележани и единствена манифестација на болеста е слабо поникнување. Ако бидат нападнати постари растенија од причинителот на полегнувањето, тие понекогаш покажуваат само мали дамки по стеблото, меѓутоа овие се доволно многубројни и големи, што можат да го обиколат стеблото од растението и да предизвикаат спеченост или изумирање.
Габите од родот Pythium sp. Се најважните причинители на гниењето на ртулците и полегнување на никулците од растенијата што се одвиваат пред и по никнењето. Некои бактерии како: Pseudomonas и Xanthomonas ако се носени во или на семето, причинуваат полекнување и убивање на никулците.
Видовите од родот Pythium се широко распространети во водата и почвата. Тие живеат на изумрени растителни и животнски материи, како сапрофити или како слаби паразити напаѓајки ги кореновите влакненца од растенијата. Ако некоја влажна почва е силно заразена од Pythium, кои било семиња или млади растенија поникнати од семињата, во таква почва можат да бидат нападнати од габата. Габите од родот Pythium во оранжериите можат да бидат уништени преку користење на стерилизација на почва со запарување, или суво загревање, или со испарливи хемиски средства, како: хлорпикрин, дазомет, метафун и други, како и со користење на семиња ретирани со хемикалии. Масите во оранжериите или контејнерите може да бидат стерилизирани или може да бидат третирани со 1% раствор од бакар сулфат.



повеќе слики >>

Препарати

FANTIC F WG

FANTIC M WG

GALBEN C

GALBEN F

GALBEN M

GALBEN M