Опис: Монокарпен едногодишен есенско - пролетен плевел. Стеблото е исправено до малку наведнато. Се размножува со семе и никнува наесен и често успешно презимува. Дел од семето никнува напролет. Цвета и плодоноси од април до јуни.
Ги заплевелува житните култури, старите посеви од луцерка, еспарзета, детелина и тревни смески, лозови и овошни насади. |