Име на болест: Причинител на гниење на плодови и раковини по ветките од јаболката - Phytophthora syringae Култура: СЛИВА
Опис: Габата причинува гниење на плодовите, како и раковини по ветките од коскестите овошни видови и бадемот. Нападнатото ткиво гние, но тоа гниење се разликува од гниењето што го предизвикува P. cactorum. Габата се наоѓа и се одржува во почвата. Инфекциите се остваруваат преку различни рани, оштетувања, природни отвори(стоми и лентицели). Паразитот е активен во почвата при температура од 0 до 16с, а најактивен при 12 - 14с. За заштита на плодовите често се користат бакарните прпарати. Во Швајацарија пред берба на плодовите, овошките се прскаат со каптан, дихлофлуанид или фолпет. Се препорачувам режење на долните ветки, со цел плодовите да не допираат до почвата. Долните плодови да се берат и да се чуваат посебно.