Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Fenbuconazole;
Име на препарат: INDAR 5 EW

Употреба:

INDAR 5 EW е формулиран како емулзија на масло во вода. Содржии активна материја фенбуконазол во концентрација од 50 g/L. INDAR 5 EW е системижен фунгицид од групата на триазоли кој ја инхибира синтезата на ергостерол и го спречува развојот на габаите така што не дозволува ртење на спорите и го спречува порастот на мицелијата. Брзо навлегува во растеителното ткиво и не постои опасност од испирање. Може да се користи за сузбивање на чадлива краставост кај јаболката и крушата (Venturia spp.) и пепелница на јаболката (Podosphaera leucotricha) во количество од 50 ml препарат на 100 L voda. Кај праската, црешата, сливата, кајсијата се препорачува за сузбивање на кафеаво гниење (Monilia laxa) а кај праската и кајсијата може да ја сузбие пепелницата (Podosphaera pannosa) во количество од 70 - 100 ml на 100 L вода. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на пеплница и црна трулеж во количество од 60 ml во 100 L вода. Кај краставицата, дињата, лубеницата и тиквицата се користи за сузбивање на пеплница во количество од 100 ml на 100 L вода а кај шеќерната репка за сузбивање на сивата пегавост во доза од 2 L/ha. Прскањето со INDAR 5 EW најдобро е да се започне во стадиум D3, односно од појава на розе пупки. Дозволено е мешање со контактни фунгициди како Dithane DG, NeoTec и M-45. Во случај на појава на пеги по листовите и плодовите прскањето треба да се направи во најкраток можен рок со концентрација 0,06% и третманот да се повтори за 5 - 7 дена во комбинација со контактен фунгицид.


Предупредување:

Се препорачува за употреба во интегралната заштита на растенијата.


Каренца:

3 дена за праска, кајсија, цреша и слива; 7 дена за краставица, диња, тиква и лубеница; 14 дена за шеќерна репка и винова лоза; 28 дена за јаболка и круша.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: Dow Agrosciences V.m.b.H. / веб страница