Име на болест: Слачец полски (повитка) - Convolvulus arvensis
Култура: ДОМАТИ
Опис: Повеќегодишно растение. Коренот брзо расте и лесно се обновува. Многу е долг и продира до 6 м развиен е и разгранет обично во два спрата. Стеблото е долго 20 – 200 cm, тенко, голо, полегнато, со можност да се обвиткува околу другите растенија. Листовите се стреласти со петелки. Цвета од јуни до септември. Цветовите се поединечни или 2 - 3 заедно. Крупни во облик на инка, бели и розови, без мирис. Плодот е чаура со тврда кора во која има 3 - 5 семки. Дава 150 - 600 семки. Медоносно растение. Пренесува болести инсекти и нематоди.



повеќе слики >>

Препарати

AGROPIN GLIFPIN

BOOM EFEKT

CIDOKOR

DOMINATOR

GLYFOS

GLYPHOGAN 480 SL

HERBOCOR

OXALIS

RANDAP

SIRKOSAN

TOTAL 480 SL

TOUCHDOWN SISTEM 4