Име на болест: Јаболков црв - Laspeyresia pomonella
Култура: ДУЊА
Опис: Јаболковиот црв е економски значаен штетник на јаболката и крушата а може да нападне и орев и дуња. Презимува како возрасна гасеница во пукнатините и кората од дрвјата. Женката јајцата ги полага на лисјата, на мазната кора од новите леторасти или на тукушто никнатите плодови. Испилените ларви прво се хранат со лисна маса, ако сеуште не се формирани плодовите, а потоа се вбушуваат во плодот. Гасениците се вбушуваат во близина на чашката или пак на места каде што се допираат два плода. По вбушувањето во плодот, гасеницата оди кон семенската куќичка. Прави канал во плодот, кој е црн и загаден со измет. Нападнатите плодови опаѓаат.



повеќе слики >>

Препарати

BEVETOX 40 E

DANADIM PROGRESS 400 EC

DIMETOGAL

FOSFAMID 40 EC

PERFEKTHION

ROGOR L40

RUNNER 240 SC