Опис: Главно ги напаѓа плодовите и прави штети во вид на ‘рѓести дамки .
Ги напаѓа листовите, цветовите , ластарите и плодовите. Листовите се деформираат се свиткуваат и може да опаднат. Ластарите се покриваат со белузлава мицелија. Со паразитирањето на емпидермалните клетки, тие изумираат, поради што плодовите стануваат деформирани вдлабнати и со ‘рѓеста лушшпа. Покожицата пука со што има поволни услови за зараза со самата габа.
Презимува во вид на мицелија во пупките , од заразените пупки се развиваат леторасти кои служат како извор на зараза. На леторастите се образуваат конидии кои се разнесуваат со помош на ветерот и прават секундарни зарази. Силните дождови ги измиваат конидиите и на тој начин се смалува ифективниот потенцијал на габата.
При зимското режење да се отстранат заразените ластари. Главно се изведува со хемиски средства , препарати на база : Триадимефон, миклобутанил, фенаримол, трифдорин, сулфур, динокап и други .
|
повеќе слики >>
|
|
|