Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Sulphur;
Име на препарат: MICROTONIL 80 WG

Употреба:

MICROTONIL 80 WG e фунгицид со активна материја сулфур 80% кој поседува и инсектицидни својства. Се користи за сузбивање на пеплница на винова лоза, јаболка, праска и краставица а делува и на некои други болести како фузикладиум на јаболката, грињи и др. Доколку се сплицира на повисоки температури (над 25 степени) може да предизвика палеж на листовите. Кај виновата лоза се користи во концентрација од 0,3 % за превентивна заштита или во доза од 0,3 - 0,5 % при појава на првите симптоми од пепелница. Кај јаболката се препорачува концентрација од 0,5 - 0,6 % (пред цветање) и 0,3 - 0,5 % (после цветање) а кај праската 0,5 - 0,6 % (пред цветање) и 0,3 - 0,4 % (после цветање). Кај хмељ во доза од 0,4 %, кај зеленчук (грашок, краставица и сл.) во концентрација од 0,3 - 0,4 %, кај украсните видови цвеќиња во концентрација од 0,35 %, кај ружата а 0,2 % кај бегонија, хризантема, хортензија и сл.


Предупредување:

На една иста површина дозволени се до 4 третирања годишно. Да се избегнува негова употреба во фаза на цветање на растенијата. да не се користи како последен третман во комбинација со дитиокарбамати поради појава на резистентност. На јагодичести видови наменети за индустриска преработка да не се користи во период од цветање до берба.


Каренца:

работната каренца е еден ден. 7 дена за краставица на отворено и во затворен простор, грашок и хмељ. 14 дена за останат зеленчук и овошје. 35 дена за винова лоза. 42 дена за градинарски култури. 56 дена за винова лоза доколку е комбиниран со дитиокарбамати.



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: Cerexagri BV / веб страница