Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Sulphur; Име на препарат: PEPELIN |
Употреба: PEPELIN e контактен фунгицид кој во својот состав содржи 80% сулфур. Наменет е за контрола на пепелници кај винова лоза, хмељ, јаболка, праска, краставица, круша и орнаментални видови растенија. Препаратот PEPELIN создава заштитен слој на површината од растението кој што го спречува ртењето на спорите. Бидејќи е контактен фунгицид треба да се аплицира превентивно пред да настане инфекција. Наменет е за сузбивање на пепелница кај винова лоза (Uncinula necator) во доза од 3-6 kg/ha (30-60 g/100m2) во фенофаза BBCH 13, кога првите три ливчиња се развиени. Дозволени се до 8 третирања во текот на една вегетација во интервал од 7 - 10 дена. За сизбивање на пепелница (Podosphaera leucotricha) кај јаболка се употребува во концентрација од 0,3-0,5 % во периодот пред цветање со потрошувачка на вода од 1000 L/ha (30-50 g во 10 L вода), кај поосетливите сорти на јаблка (Red Delicious) потебно е да се употребат пониски концентрации и тоа не повеќе од 4 третирања во текот на вегетацијата во интервал од 7 до 10 дена; За сузбивање на пепелница кај праската (Sphaerotheca pannosa var. persicae) се употребува после цветање во концентрација од 0,3 - 0,5 % со потрошувачка на вода од 1000 L/ha (30-50 g во10 L вода), и до 4 пати во текот на вегетацијата во интервал од 7 до 10 дена; За сузбивање на пепелница на хмељ (Schaerotheca humuli) се користи во концентрација од 0,25 % кога растенијата се најмаку 1 m високи, до 4 пати во текот на вегетацијата во интервал од 7 - 10 дена. За сузбивање на пеплница (Oidium spp.) кај краставица и круша во концентрација од 0,1 - 0,2 % (10-20 g во 10 L вода), до 4 пати во текот на вегетацијата во интервал од 7 до 10 дена; За сузбивање на пеплница кај роза (Sphaerotheca pannosa var. Rosae) во концентрација од 0,35 % (35 g во 10 L вода); За сузбивање на пепелница (Oidium spp.) кај орнаменталните растенија (бегонија, хризантема и сл.) се употребува во концентрација од 0,1 - 0,3 % (10-30 g во 10 L вода), до 4 пати во текот на вегетацијата во интервал од 7 до 10 дена. Предупредување: Пестицидот PЕPELIN не треба да се употребува во текот на периодот на цветање. Не треба да се употребува кога температурите се повисоки од 28 степени поради појава од фитотоксичност. Компатибилен е со повеќето фунгициди и инсектициди но не се препорачува мешање со ЕC и маслени формулации. По употреба прскалките и целата опрема која била во контакт со пестицидот Pepelin треба да се измие поради можноста од појава на корозија. Каренца: Винова лоза 28 дена пред берба; праска 21 ден пред берба; Хмељ 8 дена пред берба; Јаболка и круша 7 дена пред берба; Краставица на отворено и во затворен простор 3 дена пред берба. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ ДОО- Скопје - Скопје Производител: Agrostulln GmbH, / веб страница |