Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Sulphur; Име на препарат: THIOVIT JET 80 WG |
Употреба: THIOVIT JET 80 WG е наменет за сузбивање на пеплница кај јаболка (Podosphaera lecotricha) и винова лоза (Uncinula necator). Содржи сулфур како активна материја во концентрација од 80 g/L. Кај јаболката се користи во периодот од големина на лист од 5 - 10 mm над лушпата на пупката па се до големина на пречник на плодовите од 40 mm во количество од 5 - 7 kg/ha. Ka виновата лоза се користи од фаза на развиени три листа па се до затворање на гроздовите во количество од 5 - 7 kg/ha Не треба да се аплицира доколку температурата на воздухот е над 32 степени целзиусови. Освен кај јаболка и винова лоза може да се употребува и кај голем броја на овошни видови (3 - 6 kg/ha), зеленчук (3-6 kg/ha), кафе (2 - 4 kg/ha), чај и поледелски култури. Освен заштита од пепелница поседува и акарицидно дејство кон пајачињата кои ги напаѓаат овие култури. Доза и концентрација по култури: Предупредување: THIOVIT JET може да се меша со пестициди на база на паратион и бакар. Кога се употребува во комбинација со бакар подготвениот раствор треба што побрзо да се аплицира. Кај винските и трпезни сорти на винова лоза не треба да се аплицира подоцна од 6 недели пред берба. Каренца: |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: SYNGENTA LIMITED, / веб страница |