Име на болест: Зимска совица - Agrotis segetum Schiff.
Култура: КОМПИР
Опис: Има 2 генерации годишно и презимува како возрасна гасеница во почвата. Полага јајца во мали групи на опачината на листовите, околу растенијата или на површинскиот почвен слој. Испилените гасеници се хранат со листот на растенијата. Во повисоките степени од развојот ларвите се симнуваат во почвата и го гризат кореновиот врат и коренчињата. Најголеми штети причинуваат на млади градинарски или индустриски растенија кои ги прегризуваат целосно. За утврдување на бројноста на ларвите совици се копаат почвени проби . Економскиот праг за градинарски култури е 2 - 3 ларви/м2, а доколку се надмине економскиот праг се препорачуваат мерки за уништување. Од агротехнички мерки за контрола се користи плодоред, обработка на почвата, ѓубрење, од хемиските ако се надмине економскиот праг пред сеидбата на културата, почвата се третира превентивно и се препорачуваат гранулирани формулации, а ако е надминат економскиот праг во текот на вегетацијата се користат течни формулации. За таа цел се препорачуваат препарати на база на спинозини, оксадиазини, антранилични диамиди, карбамати и органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC

FURY 10 EC

FURY GEO