Опис: Оваа болест може да причини значајно намалување на приносот во подоцнежните стадиуми од развојот на маслодајната репка а се јавува намногу на ниски терени со висока влажност на воздухот.
Црната пегавост се јавува од никнењето до зреењето на маслодајната репка. На првите листови се јавуваат црни пеги . Во понатамошните стадиуми болеста интензивно се развива на стеблото . На него се забележуваат подуени пеги со црна боја. Во случај на јака зараза, мешунките принудено созреваат и се случува семето да падне на површината на почвата. Паразитот презимува во заразените остатоци на маслодајната репка. Тоа е основниот извор на примарен инокулум. На растителните остатоци и на заразените ткива, габата создава голем број на конидии кои со помош на дождот и ветерот се разнесуват во природата. За сузбивање се препорачува повеќегодишен плодоред во кој нема да има насади од растенија од фамилијата Cruciferae. За сеидба треба примена на здраво семе.
|
повеќе слики >>
|
|
|