Опис: Едногодишно растение високо 20 - 80 цм. Стеблото е разгрането од основата со долги гранки и голо. Во почетокот е полегната, покасно исправена. Постарите растенија добиваат црвеникава боја. Листовите се голи, цели, јајцевидни, неназабени, пепеласти. Бројни сложени цветови се наоѓаат во пазувите на листовите или на врвот на гранките во облик на пократки или подолги гроздови. Цвета од јуни до септември. Произведува огромен број семки. Преносител на нематоди. |
повеќе слики >>
|
|
|