Опис: Имагото презимува на зимзелените растенија особено на иглолисните, и во мај долетуваат на виновата лоза каде ги положуваат јајцата на опачината на листовите покрај лисните нерви. По 8 - 10 дена се испилуваат личинки кои се хранат со сисање на соковите од листот. Во другата половина на јуни или во почетокот на јули се појавуваат одраснати цикадки од прва генерација. , а нивните личинки прават штети во јули и во првата половина на август. Во средината на август се појавува и имагото од втората генерација, личинките прават штети во август и септември. Тогаш се појавува и третата генерација на имаго која прелетува на иглолисните растенија каде презимува. Оштетувањата на виновата лоза зависата од бројноста на нападот. Првото оштетување се покажува така што лисните нерви ја губата бојата, а рабовите на листовите се повиваат надоле. Кај белите сорти при појак напад листовите ја губат бојата и жолтеат помеѓу лисните нерви, а листовите на црвените сорти добива црвенкаста боја. Лисниот раб е свиткан надоле и потемнува, листот помеѓу нервите жолте а само мал појас околу нервите останува зелен. |
повеќе слики >>
|
|
|