Опис: Монокарпен едногодишен есенско - пролетен плевел. Стеблото е исправено, со светлокафени нодии. Од едно растение избиваат до 10 братимки(стебла). Соцветие клас и се размножува со семе. Претежно никнува наесен и таквите растенија презимуваат. Цвета и плодоноси од мај до јуни т. е. за време на прибирањето на стрнишните жита семето е зрело. Ги заплевелува скоро сите житни култури. Семето содржи темулин кој делува опојно, па и смртоносно кај човекот и животните.
|
повеќе слики >>
|
|
|