Име на болест: Жилогриз - Capnodis tenebrionis
Култура: ВИШНА
Опис: Имагото е со големина 1 - 3 цм, над вратот е сивкаст со црни дамки, а телото со црна боја и на крајот зашилено. Се јавува од мај до август. Женката ги полага јајцата на земја околу стеблото, а ларвите како се пилат влегуваат во почвата и го бушат коренот. Нападот го забележуваме со почеток на сушење на врвовите на оделни гранки. Јак напад доведува до сушење на целото стебло. Возрасната ларва може да е долга до 8 цм, со мала глава и црна боја, а околу вратниот штит е шарен додека останатите делови се потенки и потенки. Развојот на ларвата трае 2 години. Презимува во имаго, а исто така и како ларва. Ако се наоѓа на стеблото и ненадејно ги вознемириме преминуваат на другата страна



повеќе слики >>

Препарати

KAPIN 2,5 EC

KARATE ZEON 5 SC

KING

MARKATE 100 CS

SPARVIERO 10 CS

TORNADO 5% EC