Опис: Габата ја напаѓа калинката во време на цветање и тоа најмногу се насочува кон толчникот и прашникот на цветот. Симптомите, доколку ги има се јавуваат претежно на поедини делови од зелените плодови во форма на мали темни дамки кои со растењето на плодот се спојуваат во поголеми. Најголемите симптоми се јавуваат во полна зрелост на плодот и тоа во форма на сива трулеж, во и надвор од плодот. Плодовите може да се третираат со препарати на база на флудиоксонил или фенхексамид. |
повеќе слики >>
|
|
|