Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Fenhexamid; Име на препарат: TELDOR SC 500 |
Употреба: TELDOR SC 500 е системичен и контактен фунгицид со превентивно куративно и еридикативно дејство. Содржи активна материја фенхексамид 50% која претставува ботрицид. Затоа фунгицидот TELDOR SC 500 е наменет за сузбивање на сивото гниење (Botrytis spp.) кај виновата лоза, овошните култури, јагодичесто овошје и зеленчук. Успешно ги сузбива и габите од родот Monilia spp., Sclerotinia spp. и др. Кај винова лоза се препорачува доза од 1,0 - 1,5 l/ha со потрошувачка на вода од 1000 l/ha за сузбивање на сивото гниење. Кај јагодата на отворено се препорачува доза од 1,5 l/ha со потрошувачка на вода од 500 l/ha, за сузбивање на сивото гниење. Дозволени се до 2 третирања за време на вегетација. Првото третирање треба да се обави за време на цветање а другото кога ке се појават зелени плодови. Кај црешата и сливата препорачаната доза изнесува 0,5 l/ha со потрошувачка на вода од 500 l на 1 m висина на крошна, за сузбивање на сивото гниење и сушење на цветовите и гранките како и за сузбивање на гниење на плодовите. Кај праската исто така се препорачува доза од 1,0 -1,5 l/ha, со потрошувачка на вода од 1500 l/ha за сузбивање на трулеж на плодовите и сушење на цветовите и гранките со дозволени до 2 третирања во текот на вегетацијата. Кај капината и брусницата дозата изнесува 2 l/ha за сузбивање на сивото гниење. Кај малината и рибизлата 1,0 - 1,5 l/ha исто така за сузбивање на сивото гниење. Кај овие култури дозволени се до 4 третирања и тоа во периодот пред цветање, за време на цветање, помеѓу цветање и после цветање. Кај доматот (на отворено) дозата изнесува од 1,0- 2,0 l/ha за сузбивање на сиво гниење и бела рѓа.Дозволени се до 3 третирања. Првото кога растението е во висина од 50 cm се третира до доза од 1 L/ha. Второто тртирање кога растението е во висина од 50 - 125 cm со доза од 1,5 L/ha и третото третирање кога растението е во висина над 125 cm (на отворено) со доза од 2 l/ha. Предупредување: Каренца: 21 ден за винските сорти на винова лоза; 14 дена за трпезни сорти на винова лоза; 7 дена за капина, малина, рибизла, брусница; 3 дена за јагода, цреша, слива, праска и домат. |
Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА” ДООЕЛ, Скопје - Скопје Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница |