Опис: Пипките на овој штетник се сјајно зелени, или поретко плави и долги се 6 - 9mm. Се јавуваат на почетокот на пролетта, и најпрвин се хранат со пупки а подоцна и со листовите. На листот оставаат долги траги од гризењето. После копулацијата ја гризат петелката на листот, и листот го губи тургорот па женката го завиткува во форма на цигара. Внатре положува неколку јајца, кои понатаму живеат во внатрешноста на листот. Презимуваат како имаго. За редукција на бројноста на овој вид големо значење има собирањето на “цигарите” во време кога женката ги положила јајцата. |
повеќе слики >>
|
|
|